Диететски комплементарен суплемент за кучиња и мачки – за хранлива поддршка на работата на срцето во случај на хронична срцева инсуфициенција – со Л-карнитин, коензим Q10 и омега 3 масни киселини.
CORVET е наменет за сите категории на кучиња и мачки со нарушувања на кардиоваскуларниот систем. Придонесува за нормална функција на срцевиот мускул и за одржување на енергетскиот метаболизам.
Карактристики и состав
Л-карнитинот - го подобрува тонусот на срцевиот мускул и функцијата на срцето, го стимулира неговото снабдување со енергија и ја подобрува работата на кардиоваскуларниот систем.
Коензимот Q10 - е неопходен за функционирање на бројни биолошки процеси во телото. Тој игра многу важна улога во процесите на производство на енергија во клетките. Самиот организам го синтетизира коензимот Q10, но синтезата со текот на времето се намалува, што прво се рефлектира на органите кои бараат многу енергија за нивната работа (пред се срцето). Дополнувањето со коензим Q10 обезбедува нормално функционирање на срцевиот мускул.
Л-карнитинот и коензимот Q10 делуваат синергистички и на тој начин се постигнува нивна подобра искористеност.
Тауринот - има силен ефект врз срцето и крвните садови. Тоа доведува до намалено задебелување и стврднување на артериските ѕидови. Им помага на пациентите со исхемична срцева болест и кардиомиопатија.
Витаминот Е и селенот - како моќни антиоксиданси се поврзани со намален ризик од кардиоваскуларни болести, бидејќи ги намалуваат ефектите од оксидативниот стрес.
Омега 3 масните киселини - го спречуваат формирањето и развојот на атеросклероза (стеснување на крвните садови поради згуснување и таложење на маснотии на ѕидовите на крвните садови). Исто така, овозможува да се спречи формирање на згрутчување на крвта, што може да ги направи непроодни за крв артериите и да доведе до срцев удар.
Магнезиумот - е многу важен невротрансмитер кој одржува нормални мускулни контракции, вклучувајќи го и срцевиот мускул. Придонесува за нормализирање на срцевиот ритам.
ПРЕПОРАКИ ЗА УПОТРЕБА
Дневната доза зависи од дијагностицираната состојба и наодите од клиничкиот преглед на даденото куче или мачка.
Започнете со 1 таблета на 10 kg телесна тежина на ден. Прилагодете ја дневната доза по консултација со ветеринар.
Првично да се користи до 6 месеци. Се препорачува да се побара мислење од ветеринар пред употреба или пред да се продолжи периодот на употреба.