Храна за возрасни кучиња на кои им е потребна диетална храна намалена во количинската застапеност на протеини и минерали, специјално наменета за кучиња со бубрежни проблеми (бубрежна инсуфициенција).
Значително намалената содржина на протеини и специјалните носачи на протеини, исклучиво риба (најмалку 10%) и протеин од компир (најмалку 3%), ги намалуваат деградационите продукти кои произлегуваат од метабилизмот на протените со што се олеснува функцијата на уринарниот тракт
Позитивниот ефект врз уринарниот тракт е дополнително засилен со употреба на природни антиоксиданти од најразлични плодови, сушена брусница (најмалку 0,2%) и боровинки (најмалку 0,1%).
Самата храна допринесува до намалена PH вредност на урината до благо кисела средина со што се намалуваат продуктите од метаболичката деградација. Не содржи глутен (gluten free). Алтернативниот извор на јаглени хидрати, просо и компири, има значително помал алергенски потенцијал.
Состав:Просо (мин. 30%), компир (сушен, мин. 30%), масти од живина, пастрмка, лосос, сардини, ленено семе, квасец , прав од цикорија, грашок, целер, моркови (сушени), јаболка (сушени), брусница (сушени), калиум хлорид, натриум хлорид, калциум карбонат, масло од макадамија, боровинки(сушен), екстракт од јука.