Информации за нарачка, испорака, рекламација, поврат на средства
ИНФОРМАЦИИ ЗА НАРАЧКА
Првиот чекор до сигурно купување е регистрација. За да се регистрирате кликнете на линкот ,,отворете сметка,, во горниот десен агол од интернет продавницата, со што ќе добиете Ваш кориснички профил за што ќе добиете потврда на Вашиот маил. Штом еднаш се регистрирате, при повторна нарачка немате потреба од повторна регистрација и веднаш одете на линкот ,,најави се,, (горен десен агол).
Внесете ги производите во Вашата кошничка и следете ги чекорите од едноставиот систем за нарачување.
Вашето онлајн купување го извршувате сигурно и безбедно согласно највисоките стандарди за безбедност, со VISA, MasterCard, Maestro и Diners club.
По плаќањето на Вашиот маил ќе добиете потврда за нарачката.
ИНФОРМАЦИИ ЗА ИСПОРАКА
Досатавата на пратката се врши до влезот на станбениот објект од наведената адреса, или до локалниот сервис на КАРГО ЕКСПРЕС во вашиот град.
Доставувачот ќе ве контактира на вашиот телефон, со цел точно да го лоцира местото на испорака (бидете достапни на телефон).
Доколку агентот доставувач не успее да ве контактира во работното време пратката можете да ја подигнете следниот ден во локалниот сервис на КАРГО ЕКСПРЕС.
Доставувачот не влегува во куќи, згради и не доставува до станови. Доставата се врши пред куќа, паркинг од зграда итн, т.е секаде каде доставувачот може да дојде со возило.
Пратката ја добивате во работен ден најдоцна до 16:00 часот. Во сабота, недела и празниците доставната служба не испорачува.
Пратката ја добивате за 1 – 3 работни дена од денот на нарачка.
При превземањето на пратката нарачателот е должен да ја потпише испратницата и да задржи еден од примерок за себе како потврда за превземањето.
Доколку не сме во можност да Ви го доставиме нарачаниот производ, ќе Ви биде предложена соодветна замена, или во краен случај уплатените средства ќе Ви бидат вратени.
За нарачките чија вредност е помала од 2000 денари купувачот доплаќа 100 денари за испорака на територијата на Република Македонија.
ИНФОРМАЦИИ ЗА РЕКЛАМАЦИЈА
Купувачот е должен при приемот да направи преглед на нарачката и доколку се работи за оштетена или погрешна пратка веднаш да ја пријави на лицето кое ја доставува пратката.
Задолжително проверете го рокот на производот.
ПОВРАТ НА СРЕДСТВА
Доколку не сме во можност да Ви го доставиме нарачаниот производ, ќе Ви биде предложена соодветна замена, или во краен случај уплатените средства ќе Ви бидат вратени.
Доколку потрошувачот ја откаже нарачката, по добивање на известување за потврда за нарачката, а пред да се изврши достава, на потрошувачот ќе му бидат вратени средствата на сметката од која било извршено плаќањето, намалени за износот на банкарската провизија (6% од уплатата).
Доколку е направен обид за достава а потрошувачот одбил прием на пратката, на потрошувачот, ќе му бидат вратени средствата на сметката од која било извршено плаќањето, намалени за износот на банкарската провизија (6% од уплатата) и трошоците за достава во износ од 320 денари.
Доколку платена и потврдена нарачка не може да се испорача поради погрешни дадени податоци од страна на потрошувачот (неточна адреса, телефон, емаил), на потрошувачот, ќе му бидат вратени средствата на сметката од која било извршено плаќањето, намалени за износот на банкарската провизија (6% од уплатата) и трошоците за достава во износ од 320 денари.
ОДРЕКУВАЊЕ ОД ОДГОВОРНОСТ
Hranazamilenici.mk не одговара и не врши замена на производ доколку миленикот одбива да ја јаде храната или појавува алергија, повраќање, течна столица и слично од причина што ваквите состојби се индивидуални и не се поврзани со квалитетот на прозиводите.