Корисни информации при промена на храната

Сопствениците на домашни миленици можат да се најдат во ситуација да мора да ја променат храната на својот миленик  поради различни причини. Можеби вашето куче е дијагностицирано со диетална реактивна болест. Можеби е време да се префрлите од храна за кученца во храна за  адолесценти (pappy - junior) или од адолесценти во возрасни (junior – adult или adult - senior) . Или можеби едноставно сте одлучиле дека тековната храна на вашето куче веќе не е најдобриот избор за него.
Без оглед на причината за промената, сопствениците најчесто прашуваат како да ја променат храната за кучиња. Одговорот што најчесто ќе го слушнете е: постепен преод (премин) од една во друга храна.

Ако имате куче со железен стомак, и кое не е пребирливо во својата исхрана, можете да го примените било кој метод на промена на храната без никакви негативни ефекти.
Во некои случаи при преминот од една во друга храна може да се јави губење на апетитот, дијареа, повраќање, алергиска реакција (чешање, алергија, атопичен дерматитис и слично).

Затоа, како најдобар метод се покажал методот на постепено (адаптивно) преминување од еден во друг бренд храна. Рецептот е следен:

  • Прв ден – Мешавина од 20% нова и 80% од претходната храна.
  • Втор ден – Мешавина од 40% нова и 60% од претходната храна.
  • Трет ден – Мешавина од 60% нова и 40% од претходната храна.
  • Четврти ден – Мешавина од 80% нова и 20% од претходната храна.
  • Петти ден – 100% од новата храна.

Ако во било кој период на овој процес вашето куче одбива да јаде или се јавува повраќање, дијареа или алергија веднаш прекинете со новата храна. Некоја состојка од храната предизвикува алергиска реакција кај вашиот миленик. Во овој случај пробајте со друга храна.

Во случај кога се работи за кучиња со прекумерна телесна тежина или дијагностицирана хронична болест на гастро-интерстиналниот тракт, кардио-васкуларниот систем, уринарниот систем, оштетување на црниот дроб и друго, Ви препорачуваме да се консултирате со ветеринар и да одберете медицинска храна специјално наменета за поддршка на организмот при одредено хронично заболување.

За било какви дополнителни прашања Ви стоиме на услуга.
 

  • 071 985 259 / 070 330 907
  • hranazamilenici@gmail.com

hranazamilenici.mk © 2024. UKION SHOPS